Незапирливиот Џеко собори уште еден рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џеко во 10 минута ефектно го матираше Харт со што дојде до својот 19 гол во оваа сезона во Серија А, а вкупно веќе 29 во сите натпреварувања.

За Џеко ова беше осми натпревар по ред на кој постигна гол, а по тоа во оваа сезона е единствен во петте лиги.

Во тие осум натпревари, Џеко постигна дури единаесет голови.

Лионел Меси иу Алехандре Лаказет од Лион претходно постигнувале голови на седум врзани натпревари, но на тоа запреле.

Џеко отиде чекор понатака а покрај тоа има и добра шанса да го подобри својот резултат во наредниот натпревар.

Един Џеко со денешниот гол против Торино го подобри и својот сопствен рекорд, бидејќи досега единствено му појде за рака да постигна барем еден гол на седум натпревари по ред и тоа додека играше за Волфсбург.