Рома продолжува да победа, овој пат жртва беше Торино (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го совладаа на домашен терен Торино со 4:1 во рамките на 25 коло од италијанската Серија А.

Волчицата вечерва на Олимпико пред домашните навивачи покажа дека се наоѓа во одлична форма.

Рома до водство стигна веќе во десеттата минута од натпреварот кога феноменален гол од некои 20 метри постигна Един Џеко.
За Џеко ова беше 19 гол во Серија А и го дели првото место на листата со Игуаин.

Во вториот гол навивачите на Рома чекаа само седум минути кога Салах погоди за 2:0.

Римската екипа до крајот на првото полувреме имаше уште неколку добри шанси, но Харт овој пат беше на висината на задачата.

Сепак, во 65 минута натпреварот се решени сите дилеми кога спектакуларен гол за 3:0 постигна Паредес.

Во самиот финиш од натпреварот Макси Лопез со првиот гол во сезоната намали на 3:1.

Рома, во судиското продолжение зголеми на 4:1, асистент на голот беше Тоти а во листата на стрелци се запиша Раџа Наинголан.


Novi gol Džeke v Torino by goloviliga


paredes gol r_t_3_0 by goloviliga