Големо дерби во ¼-финале на ФА купот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со победа против Блекбурн изборија пласман во ¼-финале на ФА купот каде што ги очекува големо дерби.

Јунајтед оваа сезона го брани ФА купот, а тимот на Мурињо се пласираше во ¼-финале, откако го победија Блекбурн со 2:1.

Веднаш по завршување на натпреварот, ФА ги објави паровите од ¼-финалето.

Во центарот на внимание ќе биде сигурно натпреварот помеѓу Челси и Јунајтед.

Тотенхем игра против Милвол додека Миделсброу ќе игра против подобриот од натпреварот Хадерсфилд-Манчестер Сити.

Арсенал или Сатон ќе игра против Линколн сити во ¼-финале.