Барса со тешки маки славеше против Леганес со гол од пенал во 89 минута


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После дебаклот во дуелот со ПСЖ, Барселона вечерва со тешки маки дојде до победа над Леганес со резултат 2:1.

Барса поведе одма на почетокот на натпреварот. На асистенција на Суарез, Меси погоди за 1:0 и сите тогаш помислија дека Барселона ќе ја наполни мрежата на Леганес во овој дуел.

Сепак, дека нема да биде баш така покажаа гостинските фудбалери кои до крајот на првото полувреме имаа три одлични шанси да дојдат до израмнување, но Тер Штеген беше фантастичен.

Леганес до заслужено израмнување стигна во 71 минута кога Лопез израмни на 1:1, после што Барселона мораше да тргне по победа.

Нападите на домашниот тим беа очајни, но во 89 минута е досуден пенал.

Мантовани, според мислење на главниот судија, го собори Нејмар во шаснаесетникот, а сигурен резултатор беше Лео Меси кој така донесе победа на Барселона.

До крајот на натпреварот, Еол Зар имаше фантастична шанса да донесе израмнување на Леганес, но неговиот удар заврши покрај стативата.

Барселона со оваа победа дојде на -1 во однос на Реал, кој има на два натпревари помалку.