Големо дерби во четвртфиналето на ФА Куп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со победата против Блекбурн изборија денеска пласман во четвртфиналето на ФА Куп каде што ги чека големо дерби.

Манчестер Јунајтед во оваа сезоан ја брани титулата во ФА Куп, а избраниците на Жозе Мурињо се пласираа вечерва во четвртфиналето на ова натпреварување со победа над Блекбурн (2:1).

Одма после завршувањето на натпреварот ФА Куп ги објави паровите од четвртфиналето.

Во центарот на вниманието ќе биде сигурно големото дерби во кое силите ќе ги одмерат Челси   и Манчестер Јунајтед.

Тотенхем ќе игра против Милвол, додека Мидлзборо ќе оди на подобриот од Хадерсфилд – Манчестер Сити.

Арсенал сеуште не го одигра својот меч од осмина финалето против Сатон, а подобриот од овој дуел во четвртфиналето од ФА Куп ќе игра против Линколн Сити.