„Со подруг пристап немаше да победуваме“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа победа во рамките на англискиот ФА Куп на гостински терен против Блекбурн со 2:1.

Иако Црвените ѓаволи имаа проблеми до пред самиот крај на мечот, на крајот сепак со погодокот на Златан Ибрахимовиќ успееја да поминат во четвртфиналерто на ова натпреварување и да избегнат повторен меч.

„Мислам дека ставот на секој фудбалер на овој меч беше многу добар. Со друг став немаше да победуваме. Тие нас ни пружија многу добар отпор, но задоволен сум со играта на моите фудбалери. Имам важни фудбалери на клупата и секогаш можам да пробам да го искористам тоа, но тоа не успева секој пат. Разговарав со Златан и Погба и тие имаа вистински став“, рече Мурињо после мечот.