Англиските медиуми пренесуваат, Мурињо подготви понуда за фудбалер на Арсенал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесува британскиот весник “Сандеј Мирор“, Манчестер Јунајтед ви наредното лето ќе проба да го ангажира фудбалерот на Топџиите.

На Јунајтед е оваа сезона, прва во која на клупата на тимот од Олд Трафорд е Жозе Мурињо, сеуште е во конкуренција за дури три трофеи, ако исклучиме дека сеуште имаат математички шанса да ја освојат Премеир лигата.

Во Лига Европа имаат предност од три гола во двомечот со Сент Етјен во 1/16 финалето, играат финале на Лига Купот со Саутемптон, а вчера изборија пласман и во 1/4 финалето на ФА Купот.

Јасно е дека сепак на лето за напад на титула и евентуално натпреварување во Лигата на шампионите ќе бидат потребни засилувања, а како што „Сандеј Мирор“ пренесува желба на Жозе Мурињо е Англичанецот Алекс Окслејд Чембрлејн.

Популарниот “Окс“ уште од 2011 година стигна на Емирати од Саутемптон, од тогаш порасна во репрезентативец на Англија, но се чини дека не го достигна својот зенит.

Во Јунајтед веруваат дека уште има простор за напредок и дека својот врв може да го достигне под водсто на „Посебниот“.

Наводно екипата од Олд Трафорд за неговите услуги е спремна да издвои 30 милиони фунти, ќе видиме како работите ќе се одвиваат во наредното лето.

Како е вашето мислење, дали 23-годишниот Окслејд – Чемберлејн би бил вистинско засилување за четата на Жозе Мурињо?