Кога Баерн нешто ќе реши и тоа го остварува – Дали сега ќе успее да „украде“ напаѓач од Премиерлигата?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата од Минхен наводно е спремна да понуди за одличниот францускиот напаѓач, чие име е во тефтерите на речиси сите големи европски клубови.

Ако се суди по пишувањата на британските медиуми, Карло Анчелоти пронајде идеален наследник за Роберт Левандовски во Шкотска!

Имено, Баерн е многу заинтересиран за услугите на напаѓачот на Селтик Муса Дембеле!

Одличниот Французин во летото стигна во Селтик, иако пред година и понуда од Тотемхем.

Славиша Јокановиќ тогаш го стопираше неговиот премин на Вајт Харт Лејн и покрај фактот дека на младиот напаѓач истекуваше договорот со клубот од “Крејвен Котиџ“.

Тој не ја продолжи соработката со Фулам, Спарси во меѓувреме го ангажираа Винсент Јансен, и Дембеле заврши во Селтик.

Како што стојат работите сега, не погреши.

После нешто повеќе од седум месеци во дресот на шампионот на Шкотска, Дембеле ја залуди Европа, посебно се истакна почетокот на февруари, кога во период од 115 минути против Сент Џонстон и Евернес постигна шест голови.

Значи, запиша хет-трикови во два врзани дуели, а посебно беше импресивен првиот, кога за само 32 минути на теренот успеа мрежата на Сент Џонстон да ја погоди во три наврати.

Поради тие брилијантни партии, но и целокупно гледано добра сезона, интерес за неговите услуги покажаа најголемите клубови во Англија, но и Италија.

Сепак, на сите плановите може да ги комплицира минхенски Баерн, кој бара нов, млад напаѓач, а сега сите се свртија кон Глазгов и за услугите на голгетерот се спремни да понудат дури 30 милиони фунти.

Би било тоа секако рекордна продажба за Селтик и еден од најдобрите зделки во Европа, бидејќи Дембеле на Селтик Парк стигна без оштета.