Победа на Западот со најмногу поени – Дејвис одигра за историја!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спектакуларен Ол-Стар натпревар беше одигран во Њу Орлеанс, а на него се испишани нови страници од историјата на најдобрите НБА играчи.

Западот го победи Истокот со 192:182 во најдобриот натпревар во историјата, а одличен беше Ентони Дејвис со 52 поени, најмногу досега во Ол-Стар натпревар.

НБА ѕвездите постигнаа 374 поени, а тоа е нов рекорд на Ол Стар.

Чемберлејн го имаше претходно рекордот со 39 одиграни поени, но Дејвис го сруши 55 години стариот рекорд.

Вестбрук постигна 41 поен за 20 минути на теренот, а Кевин Дурант имаше трипл-дабл со 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции.

Кај Истокот најдобар беше Антетокунпо со 30 поени. Леброн Џејмс постигна 23 и стана првиот игрча со 300 поени на Ол-Стар натпревар.