Спектакуларен трејд – Казнс се сели во Њу Орлеанс!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сакраменто Кингс се договорија со Њу Орлеанс за голем трејд во кој главна ѕвезда ќе биде ДеМаркус Казнс.

Одличниот играч ќе се пресели во Њу Орлеанс, па заедно со Дејвис ќе се борат да му донесат повеќе победи на тимот.

Сакраменто добија неколку интересни имиња. Кај нив ќе дојдат Бади Хилд и Тајрек Еванс.

Остана уште само НБА лигата да го потврди овој трејд во што не би требало да има проблеми.

Казнс оваа сезона игра фантастично во дресот на Сакраменто.

Просечно постигнува по 28 поени и 11 скокови и ќе биде интересно да се види како ќе игра со Дејвис во тимот.