Меси сака тројца да ја напуштат Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лео Меси е фудбалер кој, по мислење на многу стручнаци, е над клубот, што никако не е добро за Барса. Се сложувате ли со тоа мислење?

Шпанските медиуми продолжуваат денеска да бијат битка против Барселона.

Екипата на Луис Енрике синоќа едвај победија екипа која се бори за опстанок во Премиер лигата, Леганес, со гол на Лео Меси во последните минути од мечот и тоа од пенал.

Имаше свирежи упатени кон Екрике, како и до поедини играчи, што никако не им се допадна на управата и стручниот штаб на Барселона пред најважниот натпревар во оваа сезона.

„Диарио Гол“ денеска пишува дека Барселона е во тотален „канал“ и дека Меси изрази желба тројца фудбалери да ја напуштат екипата во летниот преоден рок.

Тие тројца се :

  • Жереми Матје
  • Лукас Диње и
  • Андре Гомеш

Последниот доби и свирежи во текот на мечот со Леганес, Меси смета дека овој нема квалитет да игра за Барселона, ако се верува на споменатиот шпански медиум.

Постојат доста неразјаснети прашања во Барселона, пред нив е многу бурно лето доколку не дојде до големо чудо за Барселона да ја освои Примера или Лигата на шампионите.