„Мурињо полуде кога виде дека се вратив во клубот!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешната ѕвезда Ројстон Дренте зборуваше за својот однос со Мурињо во Реал.

Овој 30-годишен играч неодамна одлучи да ја заврши кариерата.

Од Дренте се очекуваше многу. Поранешниот играч на Холандија во 2007 година потпиша за Реал Мадрид, а за медиумите раскажа приказна за Мурињо.

„Мурињо полуде кога виде дека се вратив во тимот од позајмица. Херкулес не ми ја исплатуваше платата и одлучив да заминам. Мурињо сметаше дека би требало многу подобро да го претставувам клубот. Меѓутоа, заборави дека играв без плата на позајмица.“

Дренте по раскинувањето на договорот во 2012 година играше уште за Аланија, Ридинг, Шефилд и Кајсери, како и за Евертон, Херкулес и Фејенорд.