„Неверојатно е како игра Ибрахимовиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот велшки фудбалер Рајан Гигс е импресиониран од игрите на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед.

Иако многумина беа скептични кога дојде на Олд Трафорд, во тридесет и пет години од животот Ибрахимовиќ бележи феноменални партии во дресот на Црвените ѓаволи и моментално е прв стрелец во екипата до 15 постигнати голови.

Воодушевен од игрите кои ги прикажува Ибрахимовиќ е и легендарниот Рајан Гигс.

„Морам да признам дека не очекував дека ќе биде вака добар кога доаѓаше. Но, начинот на кој игра и бројот на головите кои ги заби е просто неверојатно“, рече Гигс, па продолжи:

„Не е лесно да играте во неговите години. Еден слаб натпревар и одма почнаа приказни дека не е добар. Но Златан сеуште не одигра лош меч откако дојде“.

Гигс на крајот го спореди Златан со Кантона:

„Златан и Ерик се исти. Потполно се на земја и не дозволуваат бројните пофалби од сите страна да ги занесат.

Погледнете го Златан, постигна хет-трик со Сент Етјен и тогаш како ништо да не се случило влезе во неделата во игра против Блекбурн и не спаси. Одличен е“, истакна Велшанецот.

Манчестер Јунајтед Ибрахимовиќ го доведе целесно бесплатно после што му истече договорот со Пари Сен Жермен.