Сака да замине по секоја цена! Напаѓач на Арсенал се нуди на Милан!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лукас Перез сака да замине од редовите на Топџиите.

Лукас Перез дојде во Арсенал од Депортиво Ла Коруља, но немаше влијание какво што можеше да има.

Одигра 10 натпревари, даде еден гол, и не успеа да се наметне кај Арсен Венгер.

Затоа размислува за заминување, а Милан му делува како добра дестинација. Затоа неговиот менаџер излезе и даде изјава за италијанските медиуми.

„Не доби никаква  понуда досега. Ако го напушти Лондон, ќе замине затоа што немаше никакви шанси кај Венгер – сака да замине и да игра за голем клуб сличен на Арсенал. Милан е голем клуб и многу му се допаѓа, иако никогаш не сме имале преговори со врвот на тој клуб. Вистина е дека Лукас сака да замине без разлика на цената бидејќи не е среќен во Арсенал.

Не се снајде и не доби шанса да покаже што знае. Не е важно кој ќе биде тренер, сака да замине. Играч мора да добива шанса да игра“, рече Родриго Ловељ, менаџер на Перез.

Перез има 28 години и прилично интересна кариера позади себе. Играше за третиот тим на Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, Карпати, Динамо Киев, ПАОК.

Дали Милан ќе се заинтересира?