„Лејвер купот ќе биде сериозен турнир!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рожер Федерер смета дека Лејвер купот ќе биде многу квалитетно натпреварување.

Во септември во Прага прв пат ќе се оддржи Лејвер купот, на кој 6-те најдобри европски тенисери ќе се борат против 6 од остатокот од светот.

Швајарецот со Бердих одигра натпревар на бродот во Прага, во рамки на промоција на купот.

„Мислам дека ќе биде тежок и сериозен турнир, многу квалитетен, а не изложба како што сметаат многумина.“

Европа ќе ја предводи Борг, а остатокот од светот ќе го води Мекинро.

Како што е најавено, во тимот на Европа ќе играат финалистите од АО, Федерер и Надал.

Федерер е рекордер по број на Грен Слем титули со 18 додека Надал има освоено 14.

Тој турнир ќе се игра во чест на Род Лејвер, кој во кариерата има освоено 11 Грен Слем титули.

Турнирот ќе се игра од 22 до 24 септември.