Спалети објасни во кој случај ќе остане во Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома минатиот викенд на домашен терен го победија Торино со 4:1.

Рома со новите 3 бодови го одржува чекорот со Јувентус кој има 7 бодови повеќе, но се по очигледно е дека Рома ќе заврши на втората позиција на крајот на сезоната.

Медиумите во Италија објавија дека Спалети на крајот на сезоната ќе го напушти тимот.

Тој има договор со РОма до крајот на сезоната и сеуште не го продолжи. Иако се повеќе се шпекулира за негова замена, тој откри под кои услови би останал во тимот.

„Мојот договор завршува на крајот на оваа сезона и тоа воопшто не е толку важно, сега е најважен тимот. Јас ќе потпишам договор за 3 секунди доколку завршиме втори на крајот на сезоната, но ако бидеме под тоа ќе морам да заминам.“