Официјално: Атлетико доведе уште едно засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид денеска објави уште едно ново засилување за наредната сезона.

Пред два дена Хрватот Шиме Вршаљко потпиша за Атлетико, а мадридскиот клуб соопшти дека е договорено е доаѓањето на Диого Жота.

Овој 19-годишен млад португалски репрезентативец стигнува од Пацос де Фереира, а со Јорганџиите ќе потпише петгодишен договор.

„Се чувстувам гордо, не е мала работа да се дојде во Атлетико“, кратко рече младиот Португалец.