Утре потпишува договор – Барселона најде замена за Видал?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона по заминувањето на Алвеш во Јувентус има големи проблеми на позицијата десен бек на која во моментов игра Роберто.

Роберто во кариерата започна како играч за врска, но беше присилен оваа сезона да игра како десен бек.

Дополнителен проблем за Енрике е тешката повреда на Видал кој во последните неколку натпревари влезе во првиот тим.

Барселона доби дозвола од ФС на Шпанија до крајот на месецот да донесе десен бек, но од домашното првенство.

Тие се заинтересирани за Хуанфран, а по се изгледа дека тој трансфер е при крај.

Споре медиумите, тој ќе потпише договор утре со Барселона.

Хуанфран играше одлично досега за Депортиво, па на 19 натпревари во Ла Лига постигна 4 голови.

Барселона би требало да ја активира откупната клаузула кој изнесува повеќе од 7 милиони евра.