Конте не можеше да донесе подобри вести за Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси се на одличен пат на крајот на сезоната да стигнат до титулата во Англија.

Од доаѓањето во тимот на Конте, тие заиграа одлично.

Многумина се сигурни дека Челси ќе биде шампион на крајот на сезоната, а тоа најдобро го покажува и потегот на Абрамович.

Медиумите пренесоа вест дека Конте се договорил со Челси да го продолжи договорот.

Наводно, договорот ќе биде потпишан за некоја недела, а според него Конте ќе остане во тимот до 2020 година.

Конте минатото лето стигна во Челси откако ја напушти Италија, а со нив потпиша 3-годишен договор.

Абрамович по првата сезона одлучи да му го продолжи договорот на уште една сезона.

Па така, Конте ќе добива плата поголема од моменталната која изнесува 6.5 милиони фунти по сезона.