„HandNews“: Бројките и рекордите на легендата Лазаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Специјализираниот француски ракометен портал „HandNews” денес објави сторија посветена на нашиот Кирил Лазаров по повод неговиот потпис на двегодишен договор со Нант за следната натпреварувачка сезона. Се анализира долгата и супер успешна кариера на 36-годишниот Македонец, кој се смета за роден победник и ракометар предодреден за трофеи и успеси.

Елегантниот левак, кој може да погодува со леснотија од 11-12 метри, првиот човек на Нант, Гел Пелетје го претстави како еден од најдобрите ракометари во светот на својата позиција. „Нема зборови како да ја опишам неговата ефикасност за време на кариерата”, рече претседателот. Рекордните 92 на Светското првентво во Хрватска во 2009 година и неговите 50 гола на штотуку завршениот Мундијал во Франција се уникатни признанија, кои заедно со преку 1.000 гола во Лигата на шампионите, го прават Лазаров единствен во светот по инвидуалните признанија.

Лазаров се смета за легенда на Лигата на шампионите, каде го носеше дресот на Борец, Пелистер, Веспрем, Загреб, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Барселона. Со преку 50 трофеи Лазаров е еден од најтрофејните ракометари во историјата на играта, а во сезоната која е во тек ќе се обиде да ги освои сите можни трофеи со Барселона.