Дебакл на аеродомци – ФМП го почести МЗТ со 101 кош


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија од ФМП во Србија во натпревар од 23-то коло во АБА, 101:82.

Домашните со серија од четири поени на почетокот на натпреварот стигнаа до водство од два поени, 4:2. Скот и Темс потоа постигнаа четири поени во низа за 6:9. Апиќ погоди за два, Лазаревиќ едно слободно фрлање, а Човиќ тројка за 14:11. Скот постигна три поени во низа за израмнување, 16:16. ФМП преку Остин и Човиќ стигна до водство од четири поени, 20:16. До крајот на првата четвртина погоди Скот за два, 20:18 после десет минути игра.

Со трите поени на Младеновски, МЗТ на почетокот на втората четвртина го презеде водството, 22:23. Лазаревиќ, Болден и Љубичиќ му го донесоа првото поголемо водство на домашниот тим, 39:32. Апиќ во последните секунди од првото полувреме постигна два поени за 44:37.

Кошаркарите на МЗТ направија серија од девет поени за 53:39. Разиграните Жижиќ и Апиќ му го донесоа големото водство на српскиот клуб. Лазаревиќ и Остин една минута пред крајот на третата четвртина погодија за 23 поени предност на ФМП, 71:48. Клоф со пет поени во низа намали на 71:53 со кои и се влезе во последните десет минути од натпреварот.

Со серија од пет поени на кошаркарите на МЗТ намалија на 79:64. ФМП преку Љубичиќ кој погоди две слободни фрлања и Апиќ кој погоди за два стигна до водство од 83:64. Шесте поени во низа на Скот ја намалија негативата на МЗТ на 13 поени, 85:72. Две минути пред крајот на натпреварот ФМП имаше водство, 92:78. ФМП на крајот победи со 101:82.

Остин со 20 поени го предводеше ФМП до победа. Кај МЗТ најефикасен беше Скот со 26 поени. Дреновац додаде 14, Клоф 12, Лалиќ 10, Темс 4, Кларк, Ѓуроски и Младеновски по 3 поени.

Петнаесети пораз на аеродромци оваа сезона во АБА лига.