Падна рекорд на Итихад!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот меч од осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Монако ќе влезе во историјата на елитното натпреварување поради бројот на постигнати голови.

Натпреварот од осминалето од ЛШ меѓу Манчестер Сити и Монако што вечерва се одигра на Итихад ќе биде запаметен по поставен рекорд.

Дуелот на стадионот Манчестер Сити влегува во историјата на ЛШ како НАЈЕФИКАСЕН ПРВ МЕЧ ВО НОКАУТ ФАЗАТА!

Осум погодоци паднаа вечерва на Итихад и тоа е нов рекорд по број на постигнати голови на првиот натпревар од плеј-оф фазата од ЛШ.

Да додадеме уште и тоа дека Монако прв пат во својата историја прими пет гола во европските купови, а дека Манчестер Сити само втор пат да даде на некого пет погодоци во Европа.