Арагонес симнат од врвот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот интернационалец Антоан Гризман го прескокна легендарниот Луис Арагонес на листата на стрелците на Атлетико Мадрид во европските купови.

Долгогодишниот рекорд на легендарниот Луис Арагонес е соборен вечева на БајАрена каде што фудбалерите на Атлетико Мадрид запиша триумф над Баер Леверкузен во рамките на осмина финалето на ЛШ.

Францускиот напаѓач Антоан Гризман го постигна вториот гол во триумфот на Атлетико Мадрид и со тој погодок го прескокна Луис Арагонес на листата на најдобри стрелци на Јорганџиите во европските купови.

Антоан Гризман вечерва го постигна ТРИНАЕСЕТТИОТ гол за Атлетико Мадрид во европските натпреварувања што е за гол повеќе од легендарниот Луис Арагонес.

Останува да се види до која бројка Антоан Гризман ќе стигне до крајот на сезоната, што секако зависи и од учинокот на Атлетико Мадрид во плеј-оф фазата на ЛШ.