„Само размислуваме за мечот со Лестер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Севиља денеска во рамките на осмина финалето нд ЛШ на домашен терен ќе го угости Лестер Сити.

Претстојниот натпревар против Лестер Сити, според зборовите на тренерот Хорхе Сампаоли, е пресуден за Севиља и сите играчи се максимално фокусирани на тоа да го остават последниот атом на сила на теренот.

„Ќе го дадеме својот живот во среда. Тоа е одлучувачки натпревар во историјата на нашиот клуб. Само размислуваме за тој меч, да одиграме квалитетно и да стекнеме предност пред реваншот“, изјави Сампаоли пред мечот.

Сампаоли истотака додаде дека за Севиља ќе биде пресудно да одигра добро во последната линија, поради тоа што очекува екипата да продолжи добро да игра во нападот.

Да потсетиме, мечот меѓу Севиља и Лестер се игра во среда од 20:45 часот.

Реваншот е на програмата на 14 март во Англија.