Пеп дефинитивно се откажа од него, преминува во Арсенал или Ливерпул?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола може да продаде фудбалер на директни ривали во ПЛ. Мислите дека тоа е паметен потег?

Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт, кој е на позајмица во Торино во оваа сезона, ќе се врати на крајот во својата земја, но прашање е дали и понатака ќе биде член на Манчестер Сити.

Доверливиот англиски Тајмс пишува дека Џо Харт е на мета на неколку тимови во Премиер лигата, и тоа на тие кои се борат за титулата шампион, а дека Пеп Гвардиола нема проблем со тоа да го продаде во летниот преоден рок.

Клубовите кои се заинтересирани за него се Ливерпул, Челси и Арсенал.

Во Ливерпул секако има место, имајќи ја во предвид многу слабата форма на Мињоле и Кариос, додека во Арсенал и Челси (барем во сегашниот состав) би бил најверојатно резервен голман.

Сите тие, доколку го сакаат Харт меѓу стативите ,мораат да му понудат минимум 100 илјади фунти неделно, инаку Харт нема да ја прифати понудата.