„Дојдовме овде да освоиме трофеј“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Португалската репрезентација Руи Патрисио даде изјава после пласманот во финалето од Европското првентство.

Португалија со головите на Роналдо и Нани се пласира во финалето од Европското првенство.

Велс беше немоќен, но Португалците во финалето ги очекува многу потежок ривал, Франција или Германија.

“Многу сме среќни поради сите Португалци. Успеавме да стигниме во второто финале во нашата историја. Ова е голем момент за нас и мораме сега да уживаме”,рече голманот Руи Патрисио, додавајќи:

 “Дојдовме во Франција да освоиме трофеј. Знаеме колку сме квалитетни. Иако тоа не беше лесно, финалето го заслуживме”.

За крај, го прашаа против кого повеќе сака да игра во финалето?

“Нема лесен противник.Кој и да е…“. додаде Патрисио.