Животот продолжува понатаму – Голманот на Чапекоенсе има нова цел!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преживеаниот голман на Чапекоенсе, Џексон Фолмен има нова цел во кариерата.

Со оглед на тоа дека по авионската несреќа остана без својата нога и повеќе не може да се натпреварува со професионален фудбал, тој не губи надеж и има нова цел.

Негова желба е да настапи на Параолимписките игри 2020 година во Токио.

„Чудо е што сум жив. Бог ме зема во свои раце и ми даде втора шанса. Секогаш ќе бидам спортист, тоа никој не може да ми го одземе. Секогаш ќе бидам голман на Чапекоенсе. Животот оди понатаму, моја наредна цел се Параолимписките игри во 2020 година.“

Освен овие игри, тој има намера да се ожени во скоро време.