„Руни не би се вклопил во мојот тим“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фабио Канаваро кој го води Тијанџин, изјави дека се откажал од купувањето на Руни.

Минатиот преоден рок зборуваше за можното заминување на Руни во Кина.

За неговите услуги беше заинтересиран Тијанџин, кој го водеше Канаваро, меѓутоа на крајот процени дека Руни не би се вклопил во неговиот тим.

„Имавме контакт со Руни, но тоа беше само разговор затоа што тој не се вклопува во нашиот стил на игра.“

„Имаме одличен контакт со Обамејанг, но Дортмунд ја одби нашата понуда. Тие велат дека им е потребен поради ЛШ. Наша основна цел е донесување на Калиниќ од Фиорентина, но ниту тоа не е лесно.“

Канаваро го води Тијанџин од 2016-та година.