Погодокот на Сане го чинеше млад обложувач 34 илјади евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Погодокот на Лерој Сане за победа на Манчестер Сити против Монако, 5:3 не ги растажи само фановите на францускиот клуб туку и еден обложувач од Дизелдорф кој веројатно го расплака.

Младиот германец се обложи дека Атлетико ќе го победи Леверкузен со 2:4 и дека Манчестер Сити ќе го победи Монако со 4:3. На двата натпревари вложи по едно евро, а добивката му беше 34 илјади евра.

Погодокот на Сане во 82-ра минута му ги руши сите надежи, а 21-годишниот германец се извини на Твитер.

„Го прочитав ова во весниците. Жал ми е“, напиша Сане.