„Пред натпреварот ги проучував пеналите на играчите на Монако“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа во неверојатен натпревар на домашен терен го совладаа Монако со 5:3 во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Љубителите на фудбалот синоќа можеа да уживаат во фантастичен натпревар на Итихад на кој на крајот Сити славеше со 5:3.

Еден од моментите што го сврти мечот се случи на почетокот на второто полувреме кога Монако кај водство од 2:1 имаше пенал.

Сепак, голманот на домаќините Виљи Кабаљеро го одбрани ударот на Фалкао.

Манчестер Сити после тоа набрзо изразмни, а до крајот на мечот стигна и до пресврт и победа пред реванш мечот.

После мечот голманот на домаќините изјави дека со одбранбениот пенал ја надокнади грешката од првиот дел кога Монако стигна до израмнување.

„Направив грешка после што тие стигнаа до израмнување и тука ја загубив самодовербата во себе. Сепак, кога го одбранив пеналот прво што помислив е дека се извадов за грешката. Ова беше луд натпревар и среќен сум што покажавме карактер и на крајот славевме со 5:3“, рече Кабаљеро, и додаде:

„Ги проучував пеналите кои ги изведува Фалкао во припремите за овој меч со тренерот Бави. Но, со пеналите никогаш не знаете. Фалкао проба да ме испрати на другата страна во моментот кога застана, но јас го сочекав и ја избрав вистинската страна“.