Реал напаѓаше, Валенсија се радуваше – Кралевите на колена на Местаља (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Валенсија го победија на Местаља Реал Мадрид со 2:1 во заостанатиот натпревар помеѓу овие два клуба.

Само после четири минути игра Симоне Заза постигна фантастичен погодок за водство на Валенсија.

Пет минути подоцна Орељана го зголеми водството на лилјаците.

Кралевите потоа напаѓаа за побрзо да ја намалат предноста на домашните. Роналдо се закани, но Диего Алвес беше одличен на голот.

После половина час игра Парехо шутираше фантастично од слободен удар, па и фантастично одбрани и голманот на Реал, Кејлор Навас. Пред крајот на првото полувреме Кристијано Роналдо постигна погодок со глава за 2:1.

Алвес го одбрани ударот на Марсело на почетокот на второто полувреме. Рамос се закани пред крајот на натпреварот, но неговиот шут заврши покрај голот.На крајот Валенсија победи со 2:1.

Реал Мадрид после овој натпревар ќе има само бод предност пред Барселона која е втора и еден натпревар помалку.