И пенал промашија и пак победија – Сарабија и Кореа му пресудија на Лестер (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на Рамон Санчез Пискуан го победија Лестер со 2:0 во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ.

Морган во четиринаесетата минута од натпреварот направи прекршок во казнениот простор. Кореа ја намести топката на белата точка и промаши.

Голманот на Лестер, Шмајхел потоа го одбрани ударот на Ескудеро. Само три минути подоцна после одбраната на Шмајхел, Сарабија ја затресе мрежата на Лестер за водство на андалузијците.

Севиља преку Витоло имаше шанса да го зголеми резултатот во второто полувреме, но ја погоди стативата. Потоа и Сарабија не искористи шанса за погодок.

Во 62-ра минута промена на резултатот, Кореа го зголеми водството на Севиља.

Џејми Варди во 73-та минута од натпреварот намали на 2:1.


Jamie Vardy Goal HD – Sevilla 2-1 Leicester… by jackeddine

Дефанзивецот на Севиља, Адил Рами минута пред крајот на натпреварот со глава ја погоди пречката. Севиља на крајот се радуваше и со минимална предност ќе патува во Англија.