„Тие ќе го пропуштат финалето, но кога некој недостасува тоа е секогаш шанса за докажување на некој друг“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во осмина финалето на Европската лига после победата против Сент Етјен во реванш дуелот од шеснаесет финалето.

Црвените ѓаволи со вкупни 4:0 беа подобри од француската екипа и така се пласираа во наредниот круг од Европската лига.

Победоносниот гол за Јунајтед вечерва го постигна Михтаријан кој десет минути после тоа го напушти теренот поради повреда.

Сепак, тоа не беше крај на проблемите за Жозе Мурињо бидејќи повреда на овој меч се здбои и Керик.

Овој двоец речиси сигурно ќе го пропушти финалето на англискиот Лига Куп.

Мурињо после натпреварот рече дека тоа е нешто што може да се случи секој ден.

„Можете да се повредите и кога ќе ја напуштите својата куќа, никогаш не знаете кога вас повредата може да ве стигне. Тоа е резултат на голем број на натпревари што ги играат играчите, повредите се секогаш ризик и составен дел од тоа. Тие ќе го пропуштат финалето, но кога некој недостасува тоа е секогаш шанса за докажување на некој друг“, рече Мурињо.