Мурињо откри кого сака да го избегне во осмина финалето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денеска се пласираше во осмина финалето на Европа лига после што го исфрлија Сент Етјен.

Жозе Мурињо после мечот зборуваше за можните противници во осмина финалето велејќи ќе има многу добри екипи.

Сепак, откри и кој тим сака да го избегне.

„Немам никаква желба кога е во прашање ривал во осмина финалето.

Се навикнав на тежок ждреб. Некогаш навистина помислив дека постојат топли и ладни топчина на ждребот, но сега ни сам не можам да го изберам противникот. Тука ќе бидат 16 многу добри европски екипи, а некои од нив играа и во ЛШ во оваа сезона. Единствено што не сакиам е да патуваме далеку бидејќи во тоа време ќе имаме важни натпревари против Челси и Мидлзборо. Повеќе би го сакал Лион отколку Краснодар“, рече Мурињо.

Да потсетиме дека Јунајтед во првиот меч славеше со 3:0 против Сент Етјен, а во реваншот славеа со 1:0.