„На крајот на сезоната одлуката нема да биде моја“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро во последно време се почесто се споменува во контекст за заминување од Манчестер Сити.

Сепак, се чини дека за него добра работа може да биде неодамнешната повреда на Бразилецот Габриел Жесус, бидејќи Агуеро сега повторно е во првиот состав.

Својот квалитет уште еднаш го покажа во синоќешниот меч против Монако во ЛШ каде што постигна два погодоци.

Тој после натпреварот порача дека секогаш сакал да остане во Манчестер Сити.

„Секогаш зборував дека сакал да останам овде во клубот. Секогаш зборував дека на крајот на сезоната мојата иднина нема да биде моја одлука. Вистина е дека во оваа ситуација клубот има се во свои раце и очигледно е дека мојата намера е да останам“, рече Агуеро.

Да потсетиме дека Аргентинецот во оваа сезона одигра 19 мечеви во Премиер лигата и постигна 11 голови.

Во Лигата на шампионите одигра шест мечеви и постигна пет голови, додека во ФА Купот одигра два меча и постигна еден гол.