Најубава сцена од Лигата на шампионите: Такви легенди мајките повеќе не раѓаат (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чиста емоција.

Поважно од фудбалот. Поважно и од резултатот. Дуел на две модерни спортски икони, кои на спортски стил и на човечко однесување ја чуваат идејата за чист фудбал, ја засенија вечерта на сите актери од дуелот Порто – Јувентус во осмина финалето на ЛШ.

Се работи, нормално за Икер Касиљас и Џанлуиџи Буфон, кои – на секој начин – ја одбележаа последната деценија од европскиот фудбал.

Со самото тоа и Лигата на шампионите.

Не се сретнаа уште од осмина финалето на Европското првенство во Франција, а интересно е дека е ка и тогаш и сега повеќе причина за радост имаше Буфон.

Победи и со репрезентација, а вечерва на стадионот „Драгао“ и со клубот, меѓутоа, тоа не е темата на специјалниот однос кој го со голегата го гаи, па после последниот свиреш на судијата Феликс Брих го претрча целиот терен и се фрли во прегратка со Шпанецот.

Емотивно, нема што.

Падна и размена на дресови на двата големи дресови, следеше пријателски разговор, а Икер Касиљас да не биде губитник на вечерта се погрижи уште на почетокот на дуелот кога со 174 натпревари во клупското натпреварување под на покровителство се израмни со Паоло Малдини, што значи дека во реваншот ќе го помине стоперот на Милан.