Асмир Беговиќ во лето се сели во Борнмут?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако во текот на зимата се зборуваше дека тој ќе замине од Челси, тоа на крајот не се случи.

Остана член на Челси со кој најверојатно ќе ја освои титулата во ПЛ, а на крајот на сезоната ќе го напушти тимот.

Борнмут го сакаше и во текот на зимата, но Челси не можеше да најде замена, па затоа не го пушти да замине од клубот.

Меѓутоа, 29-годишниот играч ќе замине во лето затоа што интерес покажува тимот на Борнмут и повторно се подготвени да му понудат на Челси иста цифра, како и во јануари.

Конте има многу повеќе време да најде замена за него, па наредната сезона тој најверојатно ќе застане на голот на Борнмут.