„Наша предност не вреди ништо“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид е поразена на гостувањето кај Валенсија со 2:1.

Зидан беше разочаран по натпреварот. Тој изјави дека неговата екипа се уништи првите 10 минути, без оглед на тоа што остатокот од натпреварот го одиграа добро.

„Вистина е дека го изгубивме натпреварот во 10 минути. Игравме добро, имавме шанси, но две грешки не чинеа многу. Имавме 80 минути да се вратиме во натпреварот. Постигнавме гол, но пропуштивме неколку шанси и тоа е штета. Сега ќе биде уште потешко.“

Да потсетиме, Реал Мадрид остана прв со 1 бод предност пред Барселона, но и натпревар помалку.