Неколку интересни трејдови во НБА!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот ден од преодниот рок во НБА лигата донесе неколку интересни договори.

Па така, Богдановиќ во продолжение на сезоната ќе го носи дресот на Вашингтон. Одличниот играч заедно со МекКулогам заминува во замена за Ендру Николсон, Торнтон и првиот пик на драфтот оваа година.

Интересна размена имаа Атланта и Филаделфија. Иако сеуште не е официјално, Ерсан Илјасов ќе замине во Атланта додека Сплитер и два пика од втората рунда на НБА драфтот ќе заминат во Филаделфија.

Сеуште траат преговорите за трејдот на Њу Јорк и Минесота. Главни ѕвезди се Дерик Роуз и Рики Рубио.

До крајот на денов нов тим би требало да има и Окафор, кој треба да се пресели во Чикаго кој сеуште преговара со Филаделфија.

Сигурно ќе се направат уште неколку трејдови, но засега најголем трејд е ДеМаркус Казнс.