Одлична понуда за Бака – Кинезите повторно напаѓаат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе долго време се зборува за потенцијалната разделба на Бака и Милан, а најновата понуда на Тијанџин би можела да ги забрза работите.

Екипата на Канаваро за него нуди 30 милиони евра, а тоа е истата сума која Милан летово ја прифати од Вест Хем, но играчот не сакаше да замине од Италија.

Сепак, во оваа понуда е вклучена и одлична плата за Бака, која изнесуваше 12 милиони евра годишно, а тоа е три и пол пати повеќе од сегашната во Милан.

Милан, по одличните игри на Делофеу, е расположен да го продаде Бака, кој пред година и пол го донесоа од Севиља, а самиот Бака има мотив поради големината на платата.