ВТА Дубаи – Возњацки и Кербер „рушат“ се пред себе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот натпревар денес кој се одигра во Дубаи беше помеѓу Севастова и Ванг, а победи Севастова со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 7:5.

Во вториот натпревар Свитолина беше сигурна против Дејвис со 2:0 во сетови, па многу лесно со 6:0 и 6:4 успеа да се пласира во ½-финалето.

Возњацки немаше проблеми против Белис и со 2:0 во сетови победи и така си обезбеди натпревар во ½-финалето против Севастова.

Кербер „гази“ се пред себе и оди кон врвот на ВТА листата. Најнова „жртва“ на Кербер беше Коњух, која ја победи со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6:2 и се пласираше во ½-финале каде ќе игра против Свитолина.