„На Венгер му ја должам својата кариера“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одбранбениот фудбалер на Арсенал, Лорен Кошчелни изјави дека својата кариера во клубот му ја должи на Венгер.

31-годишниот играч се надева дека Венгер ќе го продолжи договорот со тимот, кој му завршува на крајот на сезоната.

„Сакам Венгер да го продолжи договорот со Арсенал. Работам под негово водство веќе 7 години и тој ми даде шанса да дојдам во тимот од Лондон. Му ја должам на него својата кариера.“

Венгер неодамна изјави дека наредната сезона сигурно ќе работи како тренер, но не можеше да каже каде ќе ја продолжи кариерата.