Апоел направи сензација и го елиминира Билбао, Виљареал ја победи Рома, но волчицата продолжува понатаму (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седум реванш натпревари се одиграа од 1/16 финалето во ЛЕ.

Апоел на домашен терен го победи Атлетик Билбао, 2:0.

Во првото полувреме мируваа мрежите. На почетокот на вториот дел Сотериу погоди за водство на кипарскиот клуб.


Pieros Soteriou Goal HD – APOEL 1 – 0 Athletic… by kivancyildirim791

Неколку минути подоцна Сан Хосе направи прекршок во казнениот простор, а домашните заработија пенал. Јаниотас беше прецизен од белата точка и го зголеми водството на Апоел.


Giannis Gianniotas Goal HD – APOEL 2-0 Ath… by sporttivi

Стрелецот на првиот погодок, Сотериу во 65-та минута заработи црвен картон. Итураспе во судиското продолжение од првото полувреме доби црвен картон и беа израмнети силите на теренот. До крајот немаше промена, а Апоел победи и се пласира понатаму.

 

Виљареал на Олимпико минимално ја победи Рома, 0:1.

Сориано на почетокот на натпреварот ја погоди пречката. Пет минути подоцна дефанзивецот на Рома направи грешка, а Рафаел Боре тоа го искористи, 0:1.


Rafael Borre Goal HD – AS Roma 0-1 Villarreal… by FoxSportsEN

Голманот на Рома, Алисон фантастично го одбрани ударот на Касканте. Почетокот на второто полувреме донесе шанса за Сориано чиј шут беше одбранет од Алисон. Девет минути пред крајот на натпреварот резервата Рудигер доби црвен картон по кој Рома остана со 10 фудбалери на теренот. Алисон до крајот на натпреварот му одбрани на Дос Сантос и Боре за конечните 0:1 и пласман на Рома во 1/8 финале.

 

Ајакс со минимална победа против Легија се пласира понатаму, Бешикташ славеше против Бер Шева со 2:1, турскиот клуб продолжува понатаму, Зенит го победи Андерлехт со 3:1, но белгискиот клуб продолжува во 1/8 финале. Претходно Олимпијакос убедливо го победи Османлиспор на гости со 0:3 за пласман во 1/8 финале.