Фенербахче го победи Олимпијакос – Црвена Звезда го декласираше Галатасарај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес беа одиграни уште 2 натпревари во Евролигата.

Фенербахче успеа да го победи Олимпијакос со голем пресврт во последната ¼-на.

Натпреварот започна израмнето и по првата ¼-на резултатот беше 22:22, а до крајот на полувремето Фенербахче го превзема водството и замина на полувреме со водство од 40:34.

Второто полувреме жестоко го започна Олимпијакос кој го превзема водството, но во последната ¼-на од натпреварот, Фенербахче успеа да направи пресврт и да стигне до победата со 67:64.

Црвена Звезда го декласираше Галатасарај со 77:58.

Натпреварот започна во доминација на домашниот тим кој имаше предност по првата ¼-на со 20:17, а до крајот на полувремето таа се зголеми на 48:29.

Вториот дел повторно добра игра на Црвена Звезда и на крајот заслужена победа.