„Не можам да верувам дека Раниери доби отказ“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиската јавност се наоѓа во шок после што вечерва официјално е потврдено дека Клаудио Раниери повеќе не е тренер на Лестер.

Италијанскиот стручнак во минатата година направи чудо со Лестер со освојувањето на титулата шампион на Англија, а само девет месеци подоцна доби отказ.

Лошите резултати на Лестер во домашното првенство го чинеа Раниери кој на крајот доби отказ.

Некогашниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер, за Скај Спортс изјави дека сеуште не може да верува дека челниците на Лестер се одлучија на Раниери да врачи отказ.

Тој е изненаден од оваа одлука посебно после синоќешниот пораз во Севиља со 2:1 во меч од осмина финалето на ЛШ.

„Не можам да верувам дека тоа го направија.Шокиран сум со одлуката да му дадат отказ.

Прашање треба да се постави до челниците и играчите., Ако некој се промени од освојувањето на титулата тогаш се играчите, а не Раниери. Никогаш нема да имаме поголема приказна во фудбалот. Треба да му се подигне статуа за се тоа што го направи, а не вака да го избркаат“, рече  Карагер.