Штиндл ја шокираше Фиорентина, Лион со 7 голови го нокаутираше АЗ Алкмар, Белгијците го сопреа Тотенхем


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вечерва во ЛЕ се доиграа неколку натпревари.

Највозбудлив беше натпреварот помеѓу Фиорентина и Менхенгладбах, кој го добија Германците со 4:2 и се пласираа понатаму.

Одлично започнаа домаќините и имаа водство од 2:0 до самиот крај на првиот дел, благодарение на головите на Калиниќ и Валеро, но Штиндл од пенал во 44-та минута го намали резултатот.

Во вториот дел следуваше шок за Италијанците. Штиндл го реши прашањето за патникот во наредното коло. Најпрво во 47-та минута, а потоа и во 55-та минута зголеми на 3:2.

Кога сите помислија дека Фиорентина може да се врати во игра, тогаш Кристенсен ги матираше уште еднаш за 4:2 и тука практично беа изгубени сите шанси.

До крајот на натпреварот Фиорентина се обидуваше да направи нешто, Иличиќ се обиде да постигне гол, но залудно, резултатот остана ист.

Лион го прегази тимот од Холандија на домашен терен со неверојатни 7:1. Иако прашањето за патник во наредното коло беше решен уште во Холандија, затоа што Лион победи со 4:1, сега тие победија уште поубедливо.

Тотенхем беше шокиран во Лондон, откако со играч помалку не успеа да се пласира во наредното коло, откако одигра нерешено(2:2) на домашен терен против Гент.

Копенхаген се пласираше понатаму благодарение на резултатот од првиот натревар против Лудогорец(1:0).

Патник во наредното коло ќе биде и Генк кој победи со 1:0 против Астра, а резултаот од првиот меѓусебен натпревар беше 2:2.

Спарта Прага не успеа да се пласира понатаму, откако одигра 1:1 на домашен терен, но претходно беа поразени од Ростов со 4:0 и тука беше крајот за нив.

Селта го шокираше Шахтјор со гол од пенал во судиското продолжение,  Кабрал во 108 минута зголеми на 0:2 и тоа беше крајот за одисејата на Шахтјор во ЛЕ.

Селта се пласира во осмина финалето.