Неверојатна ¼-на на Голден Стејт – 50 поени против Клиперс!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голден Стејт на домашен терен го победија Клиперс со 123:113.

Актуелниот вице-шампион до победата стигна благодарение на фантастилната игра во третата ¼-на.

Во овој период Голден Стејт постигна 50 поени(50:26), а треба да се спомене дека во првото полувреме постигнаа 1 поен помалку.

Најефикасен во тимот беше Кари со 35 поени додека Корфорд и Риверс  за гостите постигнаа по 19 поени.

Голден Стејт по 4-ти пат во историјата постигнаа 50 поени во една ¼-на.

Последен пат тоа го направија во 1989 година.

Голден Стејт по 17-ти пат во оваа сезона постигнаа најмалку 40 поени во една ¼-на.