Леброн дојде на свое – Големо засилување стигнува во Кливленд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот НБА шампион Кливленд и оваа сезона се едни од главните кандидати за титулата.

Сепак, иако носат титула за најдобар тим во светот, првата ѕвезда на тимот, Леброн сакаше дополнителни засилувања во тимот.

Нов член на НБА тимот ќе стане Дерон Вилијамс. Поранешниот најдобар плејмејкер во лигата е отпуштен од Далас и се очекува наскоро да постигне договор со Кливленд.

Станува збор за еден од најдобрите плејмејкери во последните 10 години.

Тој стигна во НБА во 2005 година кога како трети пик беше избран од Јута Џез, а токму во овој тим играше најдобро во кариерата.

Потоа играше за Бруклин и Далас каде ги помина последните година и пол.

Сега повторно Вилијамс ќе има шанса да дојде до шампионскиот прстен.