Познати двојките во осминафиналето во Лига Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес во Нион беше одржан ждребот за 1/8 финалето во ЛЕ.

Најмногу внимание привлекуваат германскиот дуел помеѓу Шалке и Борусија Менхенгладбах и Лион против Рома.

Интересна задача ќе има Манчестер Јунајтед против Ростов, а грчко-турското дерби ќе го играат Олимпијакос и Бешикташ. Исто така интересен е дуелот помеѓу белгиските клубови Гент и Генк.

Селта – Краснодар

Апоел – Андерлехт

Шалке – Борусија Менхенгладбах

Лион – Рома

Ростов – Манчестер Јунајтед

Олимпијакос – Бешикташ

Гент – Генк

Копенхаген – Ајакс

Првите натпревари ќе се одиграат на 9-ти март, а реваншите една недела подоцна. Финалето е закажано на 24-ти мај на Френдс арена во Стокхолм, Шведска.