Бабунски дебитираше со фантастичен погодок – Јокохама стартуваше со победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во првото коло од јапонската лига, Јокохама Маринос на домашен терен ја победи Урава со 3:2.

Се чекаше до 13-та минута за промена на резултатот на семафорот. Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски постигна фантастичен погодок за водство на Јокохама.

Во период од две минути во второто полувреме Силва направи пресврт, 1:2. Девет минути пред крајот на натпреварот Бабунски го напушти теренот, а на негово место влезе Маеда.

Резервата Виера го израмни резултатот, а во 92-ра минута победата на Јокохама и ја донесе уште една резерва, Маеда.